Охридската полиција поднесе кривична пријава против В.Л.(40) од Охрид за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“.

Во текот на октомври 2008 година, во Охрид на ул. „Даме Груев“, пријавениот на две лица-корисници од Охрид им овозможил употреба на хероин.

извор МВР