Голем дел од лицата кои треба да одат во самоизолација одбиваат да ги примат решенијата за самоизолација, по разни основи, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Поради овие причини ја разгледуваме можноста јавно да ги објавуваме имињата на оние кои треба да бидат во самоизолација. – истакна министерот Филипче.

Полицијата во своите билтени секојдневно регистрира голем број прекршувања на мерката самоизолација, на територијата на целата држава.

OhridNews