Холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред пит ќе се венчаат ова лето, а во изборот на датумот им помогнал будистички свештеник, воден според будистичката астрологија. Актерката наводно барала духовна помош кога го одредувала датумот на кој ќе го каже судбоносното „да“. Таа секогаш се водела според овој календар кога требало да оди на лекар, на одмор итн. Истото го правела и за Бред и за децата.

Што се однесува до Бред, како што тврди извор близок на парот, тој давач се од себе за Анџелина да биде среќна, така да одредувањето на датумот и го препуштил неа. Тој наводно и рекол дека го има сето време на овој свет. После шест години врска и шест деца, очигледно не им се брза да се венчаат.