Дацен Крос, моделот на Викторија Сикрет, уживала на плажата во Мајами во играта со своето синче Филон Џејмс. Младата мајка си играла со синчето во морето и песокот, го прегрнувала и бакнувала, баш како и секоја мајка. Оваа холандска манекенка, која има 26 години, ја бие глас како еден од најпровокативните модели на Викторија Сикрет.

Станала дел од ангелите во 2008 година. Во брак е со холандскиот ди џеј Санери Џејмс од 2010 година. Парот се венчал во Амстердам, а на почетокот на 2011 година го добиле својот син. Дацен, освен што е убава и успешна, има и големо хуманитарно срце. Член е на организацијата „Dance4Life“ која низ музиката и танцот ги едуцира младите за превенцијата и заштитата од сидата.