Холандската манекенка Дацен Крос ужива во семејниот одмор со сопругот и двете деца, а своите следбеници на социјалните мрежи згодната манекенка неретко ги чести со фотографии во костум за капење. Дацен овој пат постави фотографија на која се гледа како позира во костум за капење, а во коментарот напиша „Без грижи и брзање“.

Инаку, убавата Дацен со години снимаше ревии за најпознатата линија долна облека „Викторија Сикрет“, а пред речиси година дена манекенката по втор пат се оствари во улогата на мајка. Дацен е омажена за диџејот Санери Џејмс, а парот има две деца.