Холандската манекенка Дацен Крос му позирала на фотографот Расел Џејмс и под фотографијата, која ја објавила на Инстаграм, напишала дека токму таа ќе се најде во книгата на Џејмс која ќе излезе наскоро. Познатата манекенка на својата разголена фотографија за неколку часа собрала повеќе од 100 илјади лајкови. Без облека на себе позирала на бел тепих.

Во лежечка положба се потпира на своите раце и заводливо гледа во камерата. Најновата фотографија на славниот фотограф во себе вклучува и фотографии на славни ѕвезди и модели како што се Кендал Џенер, Ријана, Жизел Бундшен, Кендис Свонпул, Лили Олдриџ и Адриана Лима.