Витката фигура на Дацен Крос не можела да помине незабележано на плажа во Мајами. Која поза и да ја заземела, убавицата делувала едноставно совршено. Сите кои го виделе веселиот пар на плажата во Мајами помислиле дека се совршени, прекрасни и пример за сите како треба да се однесуваат во врска.


Но, малку кој од минувачите го препознал славниот пар, манекенката Дацен Крос и нејзиниот сопруг Санери Џејмс. Парот сончевата недела ја минал во друштво на пријателите. Уживале во сонцето, морето, а најмногу еден во друг. Овој пат со нив не бил нивниот тригодишен син Филон, па парот бил посебно опуштен и предаден во взаемното разменување нежности. Убавицата уште еднаш на папараците им ја покажала својата совршена линија.