Холандската манекенка Дацен Крос шест долги години беше заштитно ливе на брендот Викторија Сикрет и често пати беше прогласува за најубава жена на светот. Но, сега за неа тој дел од животот завршил. Одлучила да им каже збогум на ангелите и да ја продолжи кариерата на друго место. Порпаролот на Викторија Сикрет Ед Разек ја потврдил веста за заминувањето. Тој изјавил дека Крос добила понуда од Европа и тоа би се косела со нејзиниот договор со Викторија Сикрет.
Токму поради тоа одлучила да го раскине договорот со ангелите чиј дел била долги шест години. Освен Дацен и убавицата Карли Клос ги напушта ангелите. За заминувањето на убавата 22-годишна девојка се шушка веќе некое време поради тоа што славната манекенка почна да се појавува во кампањите на водечките светски дизајнери како што се Мајкл Корс, Александер МекКвин и Долче и Габана.