Иако има само една седмица, Филен Џој Гор, синот на Дацен Крос, ангелот на Викторија Сикрет, веќе има свој Твитер профил, а таму се појавила и првата негова фотографија. Крос само една седмица по породувањето на своите фанови им го претставила својот син Филен Џој. Бебето позирало замотано во кашмир и удобно завиткано во крзнено кебе.
Гордата мајка на својот твитер профил им се заблагодарила на фановите за поддршката и рекла дека да се биде мајка е најубавата работа во животот. И новопечениот татко, продуцентот Санери Џејмс го поделил возбудувањето на Твитер. Крос се породила минатата седмица во Амстердам, само два месеци после венчавката.