Убавата 29-годишна холандска манекенка Дацен Крос пред три месеци го родила своето второ дете, овој пат ќеркичка. Таа и нејзиниот сопруг, славниот ди џеј Санери Џејмс, веќе го имаат тригодишниот син Филон, а неодамна во нивното семејство дошла и Милена Мае. Таа и сопругот синоќа се видени на романтична вечера во Холивуд, а ангелот на Викторија Сикрет овој викенд била и на гламурозна вечера која ја организирало американското „ Elle“ за „Жените во Холивуд“.
Таму ја покажала својата витка линија во бел тесен фустан. Крос во бременоста изјавила дека не сака да си прави стрес околу губењето на килограмите после бременоста, но бидејќи нејзината сестра е нутриционист, таа и помогнала лесно да ги изгуби и оние малку зголемени за време на бременоста. Дацен едноставно блеска!