Холивудската легенда Дастин Хофман добил неверојатни 7,5 милиони долари за повторно снимање на сцена за филмот „Мали Фокерови“, кое траело само пет дена. Американските медиуми пишуваат дека покрај основниот хонорар, Хофман добил 7,5 милиони долари за неколкудневно снимање на третиот дел од приказната за лудите семејства Фокер и Бернс.
Бен Стилер и Роберт Де Ниро добиле по 20 милиони долари хонорар за снимањето на филмот. Барбара Стрејсенд и Овен Вилсон добиле по пет, додека Џесика Алба добила „само“ три милиони долари.