Седумдесет и пет годишниот оскаровец Дастин Хофман е упешно излекуван од рак и се чуствува добро пренесуваат странските медиуми.

Неговиот публицист изјавил дека врз актерот била извршена хируршка операција и ракот кој бил откриен во многу рана фаза бил отстранет.

Дастин Хофман ќе се врати на големото платно со филмот “Chef” во кој главните улоги освен него ќе ги имаат Скарлет Јохансон и Роберт Дауни Џуниор, а премиерата на филмот е закажана за идната година.