Една американска компанија од Роуд Ајленд најавила дека ќе направи најголема даска за сурфање на светот, со надеж дека ќе го собори светскиот рекорд по број на луѓето кои сурфале на една даска. Компанијата “mouldCAM” соопштила дека даската ќе биде долга 13 метри, и дека на неа ќе можат да застанал 62 лица.

 

Даската ќе биде испратена на фарбање во Калифорнија, за потоа во градот Хантингтон Бич, познат по 15 километри долгата плажа и сурфањето. За да го соборат рекордот, 62 лица мораат на даската да издржат 10 секунди. Менаџерот на проектот Боб Стил изјавил дека ќе соработува со авио инженер како распределбата на тежината на даската би била добра.