Излезноста во државава до 13:00 на Локалните избори е 20,76 отсто.

Во најголемиот дел од гласачките места гласањето тече добро, истакна претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој информираше дека на 11 избирачки места има сериозни технички проблеми каде имало прекин над еден час и гласањето ќе биде продолжено по 19 часот. На шест избирачки места гласањето продолжило на стариот начин со УВ ламба и со спреј, со издадено решение од ДИК.

Даштевски информираше дека до Општинските изборни комисии е испратено известување, да информираат  за сите проблеми до ДИК во најбрз можен рок. Според Даштевски, гужвите се создаваат поради тоа што во избирачките места гласа по еден човек поради заштита од Ковид- 19 вирусот.

ДИК упатила инструкции до ОИК во избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.

Гужвите се прават во ходниците, тоа е поради Ковид мерките. Се надевам дека со овој допис ќе се намали овој проблем и гласањето ќе тече регуларно и  ги наведувам граѓаните да излезат на гласање. Во согласност со законот сите што се наоѓаат пред местото за гласање треба  да гласаат. Таму каде што ќе има поголем прекин од еден час, гласањето ќе биде продолжено вели Даштевски.

До ОИК има пристигнато 48 приговори за заштита на избирачки права од кои 26 се прифатени, а 4 се одбиени поради не исполнување на  условите, а 18 се уште се во обработка, информираше Даштевски.

 

 

К.А.