Додека трае молкот за претседателски избори продолжува кампањата за парламентарните избори, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски прецизирајќи како што кажа една своја неодамнешна изјава.
Би сакал да кажам во врска со една моја изјава, сакам да прецизирам, со оглед дека се поклопуваат кампањите за претседателски и за парламентарни избори, законот е јасен дека има предизборен молк за претседателски избори на 22 април и трае до 24 април. Нема да се поклопи со другиот молк (за парламентарни избори). Да не должиме да нема забуни. Сметам дека ова е доволно објаснување затоа што претходно во изјавата не кажав датуми за ништо и тоа би било нешто што е предвидено и во законот и во роковникот, рече на денешната седница на ДИК Даштевски.
Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а кампањата почнува на 4 април и трае до 22 април кога почнува молкот за претседателските избори, додека парламентарните избори се на 8 мај, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај. За време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната комапања за претседателските избори. Ова, како што појаснија минатата недела во ДИК, е уникатна и единствена ваква ситуација досега.
OhridNews