Со право на глас на овие локални избори во избирачкиот список се запишани 1 824 864 гласачи. Денес своето право на глас можат да го остварат вкупно 10 653 глачаси. На гласачките места во 13те казнено поправни установи своето гласачко право денес ќе може да го остварат 1899 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблеми, рече на одржаната прес конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот Центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и 6 гласачи кои ќе се водат како внатрешно раселени. Во установите за вон семејно згрижување своето право на глас можат да го оставарат вкупно 351 гласач. Во текот на денешниот ден ИО во државата ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни и немоќни или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известување со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат  7921 граѓанин пријавени за гласање.

Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради Ковид 19, во  своите домови ќе гласаат 476 лица. Ова гласање ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од медицински персонал и лица номинирани од политичките партии.

За прв пат на овие локални избори се воведува биометриска идентификација. Тоа значи, дека вашиот отисок треба да се совпаѓа со отисокот кој го има во базата која е внесена во уредот за идентификација.

Доколку дојде до уништување на уредите, ќе следуваат казни бидејќи и тие уреди спаѓаат во доверлив избирачки материјал, бидејќи во тие уреди се содржани отисоци од граѓаните. Доколку пак некоја од машините биде оштетена или појави проблем, во ДИК има 15% повеќе набавени вакви уреди со цел да нема проблеми во текот на гласање. Доколку дојде до проблем, уредот ќе биде заменет со нов, а картичката со отисоците само ќе се префрли во новата машина и гласањето ќе продолжи, рече Даштевски.

Од ДИК информираат дека се издадени акредитации за набљудување на 1247 набљудувачи од кои 870 се домашни и 367 странски. 10 се и странски новинари.

Н.С.Ј.