Младински Совет Охрид, во рамките на програмата за прибирање на средства за програмите ,, Млади во акција“, ,,Млади креативци“, и „Спорт за сите-здравје за сите“, ја организира кампањата ,,СЛЕДИ ГО СОНЦЕТО-2,“
Кампањата започнува денеска со поставување на донаторски касички во Тинекс маркет, Дисконт Тинекс, Макси Д, Хит маркет и Тим маркет, каде во периодот од 11.оо до 16.оо часот, волонтери на советот ќе вршат презентација на младинските програми и ќе ги мотивираат граѓаните со свои донации да ги поддржат програмите. Оваа активност ќе биде реализирана и во сабота (17.04.2008) кога на градскиот плоштад ќе биде организиран хепенингот ,,ДАРУВАЈТЕ НА ВЕЛИГДЕН“, Во рамките на хепенингот ќе биде поставена донаторска куќарка и штандови на кои ќе бидат изложени велигденски производи, изработени од учениците од основните училишта во општина Охрид (ОУ Христо Узунов, ОУ Братство-Единство, ОУ Григор Прличев, ОУ Кочо Рацин, ОУ Живко Чинго од с. Велгошти и ОУ Ванчо Николески од с. Лескоец) и Детските градинки од Охрид, како и производи изработени од волонтерите на Младински Совет Охрид, во рамките на креативните работилници.
Средствата собрани во рамките на кампањата ќе се употребат за реализација на младинските програми.
ohridnews