Една американска банка за крв ги привлекува дарителите со многу необична понуда. Секое дарување крв одлучиле да го наградат со едно пиво. Банката за крв во Такома, во државата Вашингтон, донаторите ги привлекува со слоганот „Дај крв, земи пиво“ и им издава купони за половина литар бесплатно пиво кое можат да го искористат во локалните пабови, барови или ресторани.


За многу краток временски период се пријавиле многу луѓе. Лекарите кои ја водат организацијата советуваат купонот за бесплатно пиво да се искористи четири часа после дарувањето крв за да не се наруши здравјето на донаторите.