Италијанскиот фудбалски гигант Интер покажува интерес за младиот играч
од редот за врска на Работнички, Дарко Велковски, пишува „mazazineinter.it“.

Според истиот извор претседателот на поранешниот европски шампион,
Масимо Морати, за услугите на Велковски бил подготвен да плати три
милиони евра.

„Mazazineinter.it“, 18-годишниот Велковски го споредува со прославениот
италијански репрезентативец Андреа Пирло, додавајќи дека се работи за
фудбалер кој има одличен преглед на игра и кој одлично игра во двата
правци.

Инаку, интерес за играчот на Работнички покажувале и екипите на Бенфика и Волфсбург.

„Макфакс“