Шокантниот пораз од Лабуништа во дерби средбата од првата рунда во пролетната полусезона нема и не треба да ги обесхрабри охридските фудбалери во мисијата за опстанок во Втората македонска фудбалска лига-запад. Фудбалерите жалат за пропуштената шанса во Струга, но се консолидираат и тренираат со полна пареа во пресрет на натпреварот со Вардар Форино на домашен терен во Охрид.
Тежок пораз од психички аспект. Резултатски во најмала рака заслуживме барем бод. Но таков фудбалот и затоа е интересен. Тимската хемија е извондредна во екипата и верувам дека ќе се изгидниме уште појаки после поразот во дербито. Со главите горе мора да продолжиме напред и цврсто да чекориме кон остварување на целта. – изјави фудбалерот на Охрид, Дарко Симјаноски.
Охриѓани, втора шанса за освојување на бодови во втората етапа од Втората МФЛ ќе имаат против составот на Вардар Форино на домашен терен.
Исклучително важен натпревар за нас. Бодовите ни се повеќе од потребни, а и победа ќе биде добре дојдена после оној пораз во дербито. Мал хендикеп ќе биде неиграњето на Шериф Реџепи и Стојанче Велинов но со пожуртвувана игра да го надополниме нивното отсуство и да ја израдуваме нашата верна публика. – заврши Симјаноски.
Натпреварот од 16-та рунда во Втората МФЛ се игра в сабота со почеток во 14 часот на СРЦ „Билјанини Извори“.
OhridNews