Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев подготвен е за битката за преземање на претседателската функција во Фудбалската федерација на Македонија.
Името на Панчев е меѓу многуте кои формираа иницијатива за спасување на македонскиот фудбал кој немилосрдно тоне изминативе години.
– Добро е познато дека долги години сум критичар на фудбалските состојби во земјава. И, сигурно не може само оваа последна фудбалска власт да биде виновна за катастрофалната состојба во која ни е западнат фудбалот. Напротив, проблемите се таложат уште од владеењето на Љубисав Иванов па потоа и во она на неговите наследници се до Хаџи-Ристески и денес. Но, голем проблем е што апсолутно ништо не е сменето. Потребно е состојбите да се менуваат, потребно е фудбалските лица да се активираат. Јас секако не можам да го премолчам сето тоа и затоа прифатив да бидам меѓу носителите на оваа идеја. – рече Панчев за „Екипа.мк“.
Иницијатива „Обединети за фудбалот“ во најбрз можен рок на пресконференција ќе ги обелодени сите планови и ќе започне со работа.
Ohridnews