Единствениот наш Олимпиец засега на ЛОИ, атлетичарот Дарио Ивановски, во разговор за Охридњуз најави дека во Париз Македонија може да го очекува најдоброто од него и оти ќе покаже како се бранат боите на својата земја. Неговата самодоверба не е случајна вели тренерот Игор МС Јакимовски, според кој, Дарио на Олимпијадата ќе го покаже најдоброто од себе.

Дарио Ивановски ќе земе учество на 8 издание на Охрид трчаТ, по што заминува за Рим каде ќе учествува на полумаратонот што ќе се одржи во рамки на Европското првенство.

Г.М.