Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски забележа голем успех, освојувајќи златен медал на балканскиот шампионат кој викендов се одржува во Турција.

Ивановски на првото место од пиедесталот се искачи во дисциплината 3 000 метри. Македонецот прв низ целта мина со време 8 минути и 3 секунди, завршувајќи со речиси седум секунди подобро време од второпласираниот Улуш Чихат.

OhridNews