Дарио Ивановски во машка конкуренција и Биљана Кираџиева во женска конкуренција се победници на првиот полумаратон (21 километар) кој се одржа во склоп на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“.
Ивановски и Кираџиева со победите на полумаратонот кој се одвиваше низ градските улици во Охрид и кејот Македонија обезбедија место во историјата. Ивановски делницата од 21 километар ја помина за 1 час, 16 минути и 23 секунди, додека Кираџиева низ целта помина за 1 час, 26 минути и 43 секунди).
Второто место кај машките му припадна на Атанас Анчевски, а трет финишираше Милош Ранчиќ. Кај дамите Милјана Ристиќ заврши второпласирана, а третопласирана Андријан Поп Арсова.
Во рекреативната 5 километарска трка кај машките триумфираше Димитар Петровски, а кај дамите Бојана Наумовска. Дополнително ќе бидат објавени победниците на тим билдинг трките.
Резултати:
21 километар
Машки:
1.Дарио Ивановски (1.16.23)
2.Атанас Анчевски (1.16.35)
3.Милош Ранчиќ (1.17.10)
Женски:
1. Биљана Кираџиева (1.26.43)
2.Милјана Ристиќ (1.26.47)
3.Андријана Поп Арсова (1.29.18)
5 километри
Машки
1.Димитар Петровски (18:54)
2.Григоријан Никовски (19.37)
3.Кристијан Стојани (19.38)
Женски
1.Бојана Наумовска (23.29)
2.Елена Даниловск (23.34)
3.Ејоне Куфе (24.37)
OhridNews