Дарио Ивановски во машка и Адријана Поп-Арсова во женска конкуренција триумфираа на 21 километарската трка на шестото издание на „Охрид трчаТ“.
Иваноски 21 километарската патека ја мина за 1 час 8 минути и 2 секунди додека Поп-Арсова истрча за 1 час 22 минути и 34 секунди. Во машка конкуренција второто место му припадна на Џастин Фримен (1:13: 13), додека третото на Тирон Мамуша (1:15:17). Кај женските втора финишираше Биљана Кираџиева (1:26:54), а трета Миљана Ристиќ (1:28:20).
Во машка конкуренција на петкилометарската трка победи Кристијан Наумовски со време од 16 минути и 45 секунди, а кај девојките Јана Стефановска со време од 21 минута и 20 секунди.
Мартин Дамески со резултат од 17 минути и 13 секунди е второпласиран, додека трето Наум Танески со резултат 17 минути и 19 секунди. Второпласирана во женска конкуренција на 5 километри е Бојана Наумовска (21:30), додека третопласирана Андријана Богдановска (22:54).
Во тим билдинг на 21 километар во женска конкуренција победи „Најк ран клуб“ од Скопје, а второпласиран беше тимот на „Triology Active“, додека во машка прво место освои тимот на АК Делта, па по нив „Triology Active“ и „Најк ран клуб“.
На 5 километарската трка во женска конкуренција победи тимот на „Шпаркасе“, втори беа тимот на „4W“, додека трети тимот на „Ретки болести“.
Во машка конкуренција победници беа тимот на „Костал“, по нив тимот на „ИПА“ Скопје, а третопласиран тимот на ЛТХ Леарница.
На шестото издание на „Охрид трчаТ“ учествуваат над 1300 натпреварувачи од 18 земји.
Н.С.Ј.
фото. Е. Јовановиќ