Победникот на полумаратонот што се трчаше во рамки на 8 издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, македонскиот олимпиец Дарио Ивановски, изрази одушевување од приемот во Охрид и организацијата на настанот.

Почестен сум наградата за победата ја добив од претседателката на државата. Целокупно настанот е одличен, како и енергијата на луѓето присутни така. Дефинитивно ќе се видиме и догодина на „Охрид трчаТ“, изјави Дарио за Охридњуз.

Дарио Ивановски триумфираше на полумаратонот на „Охрид трчаТ“

Г.М.
Фото: А. Момироска