Македонскиот атлетичар, олимпиецот Дарио Иваноски, кој беше дел од спортската експедиција на „Охрид трчаТ“, победи на полумаратонот во Дубровник (Du motion), што се одржа денеска низ улиците на најпознатиот туристички центар во Хрватска и регионот воопшто.
Дарио постави нов рекорд на 21 километар на „Du motion“, кој сега изнесува 01:08:02 часа.
Иваноски им се заблагодари на организаторите за прекрасната организација и ги покани нив, како и учесниците во Дубровник, на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ во Охрид, која традиционално се одржува првиот викенд од месец јуни.
Дарио Иваноски победи на полумаратонот во Дубровник и ги повика учесниците на Охрид трчаТ!
Г.М.