Дарио Иваноски во машка конкуренција и Адријана Поп-Арсова во женска конкуренција триумфираа на 10 километарската трка на првото издание од атлетскиот викенд Охрид Трчат.
Иваноски десеткилометарската делница ја мина за 34 минути и 9 секунди додека Поп-Арсова истрча за 43 минути и 42 секунди.
Во машка конкуренција второто место му припадна на Милош Ранчиќ (35.33), а третото на Кокан Ајаноски (35.37). Кај женските втора финишираше Весна Кираџијева (44.46), а трета Билјана Кираџиева (45.18).
Во машка конкуренција на петкилометарската трка победи Пепи Анакиев, а кај девојките охриѓанката Јована Целеска. Во Тим билдинг трката наградите ги поделија тимот на Здружение за борба против Мозочен удар и Фит Форм.
Резултати:
Машки 10км:
1. Дарио Иваноски 34.09
2. Милош Ранчиќ 35.35
3. Кокан Ајаноски 35.37
Женски 10км:
1. Адријана Поп Арсова 43.42
2. Весна Кираџијева 44.46
3. Билјана Кираџиева 45.18
Тим Билдинг:
Женски: Здружение за борба против Мозочен удар (Ана Тодороска, Мелис Сулејман, Сања Стевоска, Лидија Маленкова)
Машки: Фит Форм (Христијан Наумоски, Христијан Јованоски, Гоце Мојсоски, Александар Мартиновски).
OhridNews