Балканскиот шампион во полумаратон Дарио Ивановски во машка и Билјана Кираџиева во женска конкуренција се победници на 10 километарската трка на манифестацијата „Трка на поезијата“ што денеска се одржа во Струга во организација на здружението „Спортски мостови“.
Втори на целта беа Атанас Анчевски и Билјана Ристиќ, додека третото место во оваа категорија им припадна на Димитар Петровски и Весна Кираџиева.
На пет километарската трка најбрз од мажите беше Кристијан Наумовски, а во женска конкуренција охриќанката Мери Шешо. Второто место им припадна на Григоријан Никовски и Билјана Сивева а трети беа Стојче Петровски и Бојана Наумовска.
На втората „Трка на поезијата“, како што информира Мими Стојаноска, дел од организацискиот одбор, учество земале над 1.000 тркачи. Спорд неа, успешно се реализирала и Детската трка во која учествувале околу 120 дечиња.
Успешно заврши второто издание на „Трка на поезијата“ во Струга. Во градот на поезијата учество зедоа над 1 000 тркачи. Се надевам сите пријавени уживаа во трката и сосебе ќе понесат еден историски незаборавен спортски момент од Струга, истакна Стојаноска.
На атлетската манифестација учествуваа голем број професионалци, но и рекреативци од државата и регионот.
OhridNews