Експедицијата на селекцијата на Данска за фудбалери под 19 години која во Охрид одигра два натпревари со соодветната репрезентација на Македонија со позитивни импресии го напушта македонскиот туристички бисер.

Прекрaсно е, не пречека слично време како и во Данска но за неколку степени потопло, така што немавме проблем со адаптацијата. Охрид ни се допадна премногу имате прекрасна природа која езерото ја прави неповторлива, условите се одлични и за нас ова беше доста позитивна посета – рече тим – менаџерот  Томас Андерсен.


Тест мечевите во Охрид во целост ги исполниле очекувањата на Данската експедиција. Првиот заврши 0-0, додека вториот го добија 1-0.


Како и што очекувавме одигравме два изедначни натпревари. За неколку месеци играме во квалификациите со соодветната репрезентација на Албанија па сакавме да одиграме средби со репрезентација од овај регион за да на дело да го видиме стилот на игра во овај регион. Се` се одвиваше одлично и ние сме во целост задоволни – завршува Томас Андерсен.

фото Емилио
М.П.