Иако се работеше за пријателски натпревар, избраниците на селекторот Чедомир Јаневски гинеа на теренот, лавовски се бореа за секоја топка ја прегазија Данска со 3-0 и на најдобар можен начин ги најавија квалификациските дуели со Белгија за Светското првенство во Бразил 2014.


– Никој не очекуваше вакво нешто да ни се случи, македонците играа феноменално ги имаше насекаде. Ние се обидовме на сите начини да стигнеме до нивниот гол, но обидите беа тотално неуспешни. Вината за поразот во Скопје ја преземам јас и сеуште верувам дека можам да изградам врвна селекција од овие млади репрезентативци – рече селекторот на Данска, Мортен Олсен.


Дебитантот на голот од Данска, Каспер Шмајхел иначе син на легендардниот голман Питер Шмајхел нема по добро да го памети Скопје. Шмајхел на своето деби за данската репрезентација беше немоќен да стори нешто повеќе и да ја спаси Данска од убедлив пораз.

– Сакам што побрзо да го заборавам овој меч. Ништо не функционираше во нашиот состав посебно во првиот дел. Бев горд што дебитирам, но тоа стана кошмар – порача Каспер Шмајхел.

Мх.П.