ФИФА денеска ги објави имињата на делителите на правдата за следниот квалификациски натпревар помеѓу селекциите на Холандија и Македонија.
Судиската четворка е од Данска на чело со Петер Расмусен. Помошници се Хенрик Сондерби и Мартин Вулф. Четврти судија е Ларс Кристоферсон.
Судиски Контролор е Бо Карлсон од Шведска, додека делегатот Петр Фоусек е од Чешка.
Натпреварот се игра на 1. април на Амстердам Арена со поч. во 20.45ч.