Во три од пет дански региони била донесена одлука медицинските сестри да добијат униформи кои се помалку секси, после истражување кое покажало дека расте бројот на медицински сестри кои се изложени на сексуално вознемирување.
Како што пренеле медиумите, според истражувањето кое било спроведено, осум проценти од медицинските сестри биле жртви на несакано сексуално внимание во 2012 година, што е двојно повеќе од пред десет години.
Здружението на медицински сестри не мислат дека униформите се единствената причина за сексуалното вознемирување, но оцениле дека одлуката да се променат униформите е еден важен чекор во добар правец.