Себастијан Хенеберг, досегашен член на актуелниот дански ракометен првак Алборг, од денеска ќе го носи дресот на битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер.

Хенеберг (28 г.) игра на позиција лев и среден бек, настапувал во познатите европски ракометни клубови Силкеборг, Архус и Елверум, а во Битола доаѓа од Алборг, соопштија од клубот.

Новиот ракометар е големо засилување за битолчани во пресрет на натпреварите од домашното првенство и настапите на европската ракометна сцена кои стартуваат на 25 октомври кога во Битола, во рамки на ЕХФ лигата, група „Д“, ќе гостува поранешниот клуб на Хенеберг, Архус.

OhridNews