Принцот Хенрик од Данска, сопруг на кралицата Маргарета, има намера наскоро да лансира свој парфем, едноставно наречен „Х“. Од кралската палата било издадено и официјално соопштение со кое се потврдува намерата на принцот да започне нов бизнис. Инаку, принцот има полни 77 години.


Претставничката за медиумите на кралскиот двор, Лена Балеби, изјавила дека принцот сам ги избрал состојките на парфемот кој ќе се продава само во резиденцијата на данскиот кралски пар во југозападна Франција. Парфемот го направила данската козметичка куќа GOSH, од етерични масла на грејпфрут и кедер.