Данската кралица Маргрета изјавила дека со најстарата европска монархија совршно владеела и без модерните изуми, како интернетот и мобилните телефони. Обраќајќи им се на новинарите, кралицата рекла дека додека другите членови на кралското семејство сметаат дека е забавно тоа што нема мобилен, таа самата мисли дека не и е потребен.

На прашањето на еден норвешки новинар како е можно да не ја интересираат модерните средства за комуникација, Маргрета одговориле дека е многу спокојна кога не е присутна на комуникациските мрежи. Таа разговарала со новинарите во палатата Амалиенборг во Копенхаген по повод 40-годишнината од нејзиното доаѓање на данскиот престол. Корените на нејзиното семејство потекнуваат од викингшките кралеви од 10 век.