Селекторот на Македонија, Чедомир Јаневски за денешниот меч ги повика најдобрите фудбалери а меѓу нив е и Горан Пандев, кој неколку натпревари беше надвор од стројот.
– Новата 2013 година сакаме да ја започниме со добар меч и победа. Добра игра и резултат ќе ни влее поголема самодоверба пред двомечот со Белгија во март. Репрезентативците се мотивирани и со нетрпение чекаат да започне натпреварот – рече селекторот Јаневски.
Популарниот “Чеде“ на еден ден пред дуелот со Данска го објави составот, со кој ќе му спротистави на неговиот колега од спротивната страна Мортен Олсен. Македонија во нападот ќе започне со Пандев, Ибраими и Јаховиќ.
На средината од теренот битката ќе ја водат Тричковски, Демири и Глигоров додека четворката во одбраната ја сочинуваат Тодоровски, Новески, Грначаров и Лазевски. Помеѓу стативите ќе застене интернационалецот од Белгија, Томе Пачовски.