По триумфот над фаворитот Белгија во Скопје, Македонија квалификацискиот циклус го продолжува против Данска и тоа во градот Хорсенс. Избраниците на Џикиќ се во подобра позиција во однос на аутсајдерот во нашата група кој загуби од Белорусија со 97-72 во првата квалификациска рунда.
Веднаш по завршувањето на тој натпревар, Македонија се сели во Минск, каде го продолжува квалификацискиот циклус со дуел против Белорусија. Последниот меч од серијата гостински натпревари ќе го играме во Шарлоа против Белгија на 20 август, а потоа нашите кошаркари се враќаат во Скопје за последните две квалификациски средби против Данска и Белорусија на 24 и 27 август во СЦ „Борис Трајковски“.