Данска од следната година нема да наплаќа данок за газирани пијалоци, со што се укинува законот кој е на сила од триесеттите години на минатиот век. Укинувањето на овој данок е подлено во две фази, намалување за 50 проценти од први јули и целосно укинување од први јануари следната година.
Данската влада ја објавила оваа одлука во рамките на договорот за иницијативи за поттикнување на поволни услови за раст и запослување, пренеле агенциите. Таа држава е пионир во оданочувањето на газираните пијалоци и со највисоки акцизи на истите во Европа.