Репрезентацијата на Данска ја совлада Хрватска со 32:26 во финалето на Светското првенство во ракомет што се одигра во Осло.
Хрватска парираше само во првото полувреме, но данците имаа целосна контрола врз играта и резултатот и на одмор заминаа со водство од 16:12.
Во првите 10 минути од второто полувреме Данска направи серија од 8:2 и поведе со 24:14 со што практично го реши прашањето на победникот.
За Данска ова е 4 злато по ред на светските првенства со што се израмнија по бројот на титули со Шведска и Романија. Пред нив е само Франција со 6 титули светски првак. За Хрватска ова е шести медал на мундијалите, првбпо 2013 година.
Г.М.