Селекцијата на Данска го фати последниот воз од квалификациите за директен пласман на Европското првенство. Данците во директниот дуел со Република Ирска ремизираа 1-1 и ја задржаа втората позиција на табелата.
Данската репрезентација долго оддолеваше на нападите а кога се ослободи од притисокот успеа и да поведе. Во 73-та минута резултатот го отвори Мартин Бревајт. За да има тензија и возбудува во финишот се погрижија домашните фудбалери кои изедначија во 85-та минута преку Мет Доерти. До крајот „детелините“ не постигнаа втор погодок и мечот заврши без победник 1-1.
Воздишките во претпоследниот натпреварувачки ден во евроквалификациите ги украде Италија. „Азурите“ до десеттиот триумф во квалификациите стигнаа со убедливата победа 9-1 против Ерменија на домашен терен. Италија до врв ја наполни мрежата на Ерменија доживеа вистински дебакл на „Сенца Барбера“ стадионот во Палермо.
Утре (вторник) завршуваат евро-квалификациите. За последен пат на мегдан ќе излезе и Македонија. „Црвено жолтите“ на домашен терен ќе се сретнат со Израел.
Резултати:
Група Д: Гибралтар – Швајцарија 1-6, Република Ирска – Данска 1-1
Група Ф: Малта – Норвешка 1-2, Шпанија – Романија 5-0, Шведска – Фарски Острови 3-0
Група Ј: Грција – Финска 2-1, Италија – Ерменија 9-1, Лихтенштајн – БиХ 0-3
OhridNews