Репрезентацијата на Данска е нов европски првак. Во финалето данците ја потврдија својата константна игра на шампионатот совладувајќи ја Хрватска со 24-20 (13-10).
Хрватите пеколно ги одиграа само првите десет минути кога имаа 4-0 предност. Но по спориот старт данците ја заиграа својата игра која Хрватите не можеа да ја пратат и до полувремето стигнаа до +3.
Во продолжението на мечот Данците успеаја да ја зачуваат својата предност, не дозволувајќи им на коцакастите да фатат приклучок.
Данска е шампион, Хрватска сребрена.
Во малото финале утешната бронзена медалја оди на градите на триколорите. Франција ја совлада Германија со убедливи 36-26 (18-9).
Триколорите трети
Најдобри стрелци со постигнати 44 гола се Ивано Балич (Хрватска), Ларс Кристиансен ( Данска ) и Никола Карабатич (Франција).
За најдобар голман прогласен е Данецот Каспер Хвидт.
OhridNews