Општина Охрид од даноци и такси во 2007 година во буџетот инкасирала речиси 100 милиони денари. Од данокот на наследство и подарок, данокот на промет со недвижности, данокот на имот и комуналната такса за фирма остварени се вкупно 96,6 милиони денари, што е за 11 милиони денари повеќе од планираното, информираше градоначалникот Александар Петрески во годишното обраќање во Советот.
Според извештајот на ЗЕЛС, општина Охрид е на второ место по вкупно остварените приходи, веднаш зад општина Центар. Минатата 2007 година планираниот буџет на општина Охрид е остварен 87% или околу 400 милиони денари. Годинава буџетот на општина Охрид е проектиран на рекордни 559 милиони денари.
ohridnews