Услов за тоа е да поднесат „Барање за паушално плаќање на персоналниот данок на доход“ – образец „ПДД-П“ до Управата за јавни приходи (УЈП) најдоцна до 31 декември годинава.
Покрај поднесувањето Барање, даночните обврзници треба да не вршат трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организирани зелени пазари). Исто така, треба да не вработуваат други лица, во дејноста да не вложуваат и други лица, и да остваруваат нето годишен приход од вршење на дејност во износ до две просечни годишни плати.