Српската кошаркарска селекција не ги исполни очекувањата на Мундијалот во Кина завршувајќи на петтата позиција надвор од репрезентациите кои се бореа за медал. Сонот на Србија го сруши Аргентина во четвртфиналето која подоцна изгуби од Шпанија во финалето.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Србија (КФС), Предраг Даниловиќ не го впери прстот кон селекторот или играчите, туку рече дека сите се виновни за неуспехот.
- Петтото место не е дебакл, туку неуспех на сите нас. Каде погрешивме нема да кажеме ние туку стручњаците. Наша работа е да обезбедиме најдобри услови за селекциите и селектори. Некои измислени наслови во медиумите не ми се допаднаа и пробаа да ја нарушат атмосферата, но не успеаја. Резултатскиот неуспех не смее да го наруши угледот на селекторот Александар Ѓорѓевиќ. – изјави Даниловиќ.
Даниловиќ додаде дека КФС нема да брза во изборот на селектор откако Ѓорѓевиќ заминува после завршување на четиригодишниот договор. Во најтесниот круг се споменуваат Игор Кокошков и живата тренерска легенда Жељко Обрадовиќ.
OhridNews