Кошаркарскиот клуб АВ Охрид после назначувањето на Марјан Илиевски за нов тренер започна и со екипирање на ростерот кој ќе се натпреварува во Првата лига. Прв кој ја засилува екипата е Данило Мијатовиќ, кој во АВ Охрид се сели од тимот на Блокотехна.
36-годишниот кошаркар ќе биде екстра засилување за охридскиот состав, кој сезонава има нови цели и предизвици. Мијатовиќ треба да биде темел на екипата која се очекува да се замеша во горниот дел од табелата.
- Проектот на АВ Охрид многу ми се допадна и воопшто не размислував за прифаќање на понудата. Ова ќе биде нови предизвик за мене но и за тимот и верувам во успех. – изјави Мијатовиќ.
Во следниот период охридските „галеби“ ќе ги презентираат и останатите кошаркари кои ќе одлучат да ја засилата екипата. Следната сезона ќе биде јубилејна петта за охридскиот кошаркарскиот клуб во македонската кошаркарска елита.
OhridNews