Српскиот кошаркар Данило Мијатовиќ е четвртиот играч кој си најде нов клуб после распот на Кошаркарскиот клуб АВ Охрид. 36-годишниот кошаркари кариерата ќе ја продолжи во Работнички.
Мијатовиќ беше на крстопат помеѓу градските ривали Работнички и МЗТ Скопје. Искусниот кошаркар го одбра Работнички и ќе стане од плејадаата играчи кои ги носеле дресовите на ривалите. Мијатовиќ една сезона (2015/16) беше дел од тимот од Аеродром.
Претходно нови средина најдоа Марјан Младеновиќ, Адем Мекиќ и Војче Лефковски. Организираторот на играта Младеновиќ се пресели во Гостивар, Мекиќ го засили Пелистер а Лефковски му се приклучи на Кожув.
OhridNews