Британскиот актер Даниел Ретклиф бил фотографиран на прошетка во Њујорк со убава девојка. Како што пренесува лондонскиот „Телеграф“, станува збор за 22-годишната сликарка Росана Кокер која работела како асистент на еден од продуцентите на четири од филмовите за Хари Потер.


Даниел и Росана се запознале 2007 година на снимањето на филмот за Хари Потер, а се забавуваат веќе една година. Со богатството од 48 милиони фунти, актерот важи за еден од најпосакуваните британски ергени.