На првото место на листата на најбогати британски актери на возраст до 30 години, која ја составиле експерти за списанието “Heat”, се наоѓа Даниел Ретклиф, кој го игра ликот на Хари Потер. Неговата колешка Ема Вотсон го зазела дури третото место. на второто место меѓу нив се нашла актерката Кеира Најтли благодарение на улогата во филмот „Пиратите од Карибите“ и некои други помали проекти.


Руперт Грин кој исто така настапува во филмовите за Хари Потер се нашол на четвртото место, додека на петто место се наоѓа „вампирот“ Роберт Патисон. На петтото место се нашла сопругата на Вејн Руни, Колин. Од попознатите на листата се нашле уште Шерил Кол, која завршила на 14 место и Еми Вајнхаус која го зазела 15 место.