Британскиот актер Даниел Крег, актуелниот филмски Џејмс Бонд, добил милион долари за промоција на „Ренџ Ровер“ во Њујорк на која се задржал само седум минути. По преносот во живо на Даниел Крег кој го возел 70 илјади долари вредниот „Ренџ Ровер Спорт 2014“ низ улиците на Њујорк до местото на промоцијата, актерот со возилото дошол до самата сцена.
Со камено лице прошетал покрај фоторепортерите, и потоа исчезнал без трага. Тој кратко рекол дека често на снимањата возел автомобил, но ова било прв пат да вози во живо. Додал дека ЛЕнд Ровер со години соработува на филмовите за Бонд.